Шкендија ги скроти „лавовите“, Тиквеш и Струга убедливи, триумф за новиот шампион Шкупи

Тиквеш со „петарда“ (5:0) го почасти Борец во дербито од долниот дел на табелата, а во рамки на 29. коло од ПМФЛ. Кавадарчани го одиграа можеби и најдобриот натпревар сезонава, а дефинитивно го забележаа најубедливиот триумф.
Со двата погодоци на Андреј Лазаров во првиот дел Тиквеш на полувреме имаше водство од 2:0. Во вториот дел Иван Ивановски зголеми на 3:0, а пак Благоја Љамчевски од пенал погоди за убедливи 4:0. Конечните 5:0 ги постави Александар Мишов кој погоди во 79. минута од мечот.

Со резултат од 4:0 и Струга Трим Лум го декласираше Пелистер на домашен терен. Па Омар Јобе два пати стрелаше во првиот дел покрај езерото за водство од 2:0 на полувреме за стружани. Во второто полувреме Струга преку нови два погодоци дојде до конечните и убедливи 4:0. Бесмир Бојку погоди за 3:0, а конечниот резултат го постави Валентин Кочоски.
Новиот шампион Шкупи на домашен терен со 2:0 ја доби Ренова пред домашната публика со која ја прослави шампионската титула. Стадионот во Чаир беше исполнет до последното место и се славеше новата шампионската титула. Стрелец на единствениот гол беше најдобриот стрелец во домашното првенство, Сандеј Дамиларе Адетуњи.
Конечните 2:0 ги постави Куевен Да Силва за голема ерупција на Чаир и голема прослава.
Шкендија убедлива во дербито за Европа на домашен терен совладувајќи ја Македонија Ѓорче Петров со убедливи 3:1. Победата беше најавена уште во првиот дел, откако Љупчо Дориев погодови за 1:0 во 17. минута, а само три минути подоцна Синдрит Гури стрелаше за 2:0 на полувреме.
Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси
Во вториот дел Дориев со втор гол обезбеди убедливо водство против „лавовите“ со што тетовци сигурно влегоа во финишот од мечот. Годберг Бари Купер во 77. минута погоди за конечни 3:1.