ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шкендија без милост го прегази Вардар кој е се поблиску до зоната за испаѓање

Шкендија запиша убедлива победа над Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со резултат од 1:4, со што „црвено-црните“ влегоа во бараж зоната и се на само два бода над опасната директна зона за испаѓање.

Вардарци во 11. минута со гол на Мирчевски први дојдоа до водство од 1:0. Шкендија веднаш притисна и имаше неколку квалитетни шанси преку Ибраими, но промени на резултатот немаше се до 27. минута, кога Рамадани со ефективен гол донесе израмнување на 1:1. По само седум минути игра Ибраими конечно погоди и Шкендија дојде до водство од 1:2. До крајот на првиот дел Шкендија имаше неколку шанси, но немаше промена на резултатот.

На стартот на вториот дел по катастрофална грешка во одбраната на Вардар, Ибраими постигна втор гол и веќе во 49. минута лидерот имаше водство од 1:3. И во останатиот дел од натпревар Шкендија продолжи со доминацијата на теренот, а тоа го потврди преку Дориев кој погоди за 1:4 во 55. минута. Во 69. минута Хебај постигна гол за високи 1:5, а во самиот финиш Елези ги постави конечните 1:6.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Шкендија е лидер на табелата со 53 бодови, додека Вардар падна на деветтото место и во моментот е во бараж зоната за опстанок, а има само три бода над опасната зона за испаѓање.

Во следното коло Шкендија дома ќе игра против Силекс, додека Вардар ќе има тешко гостување во Битола кај Пелистер.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!