ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шилегов: Не го преземам Вардар додека е во долг од 3,5 милиони евра!

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов уште еднаш го потврди својот став дека нема намера да го преземе Вардар се додека не бидат подмирени милионските долгови.

„Вардар е приватен клуб. Некој одлучил да го продаде, а не нашол механизам како да се покријат трошоците. Јас не можам да го земам клубот со долг од 3,5 милиони евра“, изјави Шилегов за „Сител“.

Градоначалникот Шилегов најави дека и натаму е отворено прашањето за катарски инвеститори во клубот.

„Инвестицијата од Катар не е затворено прашање. Се додека не добиеме гаранција за враќање на средствата, повторувам дека нема да го земеме“, додаде тој.

Вардар веќе во недела го игра претпоследниот натпревар од ПМФЛ, ќе гостува во Струга, а шансите да се врати со три бодови се многу мали, па со пораз најтрофејниот македонски клуб и официјално ќе стане второлигаш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!