ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Шиков, Грозданоски, Лазаров и Трајкоски заминаа од Тиквеш

Тиквеш во понеделник со новиот тренер Пане Блажевски ги започнува подготовките за пролетната полусезона во Втората лига – Исток. Четири играчи од есенскиот дел нема да бидат во клубот.
Ванче Шиков кој беше капитен и спортски директор на клубот нема повеќе да биде во Тиквеш, бидејќи на искусниот играч му било порачано да си бара нов клуб за пролетниот дел од сезоната. Од Кавадарци си заминува и младинскиот репрезентативец Лука Трајкоски, младиот Андреј Лазаров, како и Дарко Грозданоски.
Во Кавадарци треба да пристигнат неколку засилувања со прволигашки статус што ќе дадат квалитет на екипата со цел да направи изненадување и да заврши на првото место пред Брегалница, која сега има седум бода повеќе од Тиквеш.