ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шест екипи во битка за опстанок во ПМФЛ, која екипа има најлесен распоред на последните три натпревари ?

Битката за опстанок во Првата лига се вжештува, шест екипи во следните три натпревари ги очекува пеколна борба и на секој натпревар ќе играт како на финале. Од 11-тото до шестото место екипите не се безбедни.

Во најповолна ситуација од сите е Пелистер кој со 38 бодови е на шестото место на табелата, по што следува Борец кој е седми со 36 бодови, додека Силекс и Академија Пандев имаат по 35 бодови и се наоѓаат на осмата односно деветтата позиција. Ренова со 32 бодови е на десетото место, додека Вардар е во најтешка ситуација и се наоѓа на претпоследното 11-то место на табелата со 31 бод.

Распоред за последните три кола на екипите кои се борат за опстанок во ПМФЛ:

  1. коло
    Пелистер – Академија Пандев

    Ренова – Беласица
    Силекс – Борец
    Вардар – Работнички
  2. коло
    Беласица – Академија Пандев
    Борец – Ренова
    Работнички – Силекс
    Шкупи – Пелистер
    Струга Трим Лум – Вардар
  3. коло
    Академија Пандев – Борец
    Пелистер – Беласица
    Ренова – Работнички
    Силекс – Струга Трим Лум
    Вардар – Македонија ЃП

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!