ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шефити се раздели со Ренова, кариерата ја продолжува во нов клуб!

Ренова е меѓу најактивните на трасфер пазарот и интензивно работи на градењето на тимот за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. 23-годишникот Шефит Шефити и клубот од Џепчиште се разделија.

Шефити во Ренова пристигна на почетокот на 2020 година, меѓутоа, соработката меѓу двете страни не беше продолжена, иако „гипсарите“ сакале да го продолжат договорот, сепак, Шефити одбил и кариерата ќе ја продолжува во нова средина.

Шефити во ПМФЛ има одиграно 3994 минути, запишувајќи 86 натпревари со 16 погодоци и 4 асистенции. Во својата кариера, покрај за Ренова тој има настапувано и за Шкендија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!