Шефити ја шокираше Шкендија, „пандевци“ се радуваат против Пелистер, „лавовите“ со пенал се спасија од пораз

Академија Пандев конечно победи и стави крај на мини резултатската криза со триумф од 2:0 над Пелистер. Во Струмица во првите 45 минути мрежите мируваа, откако Академија Пандев не искористи неколку сериозни шанси за погодок против Пелистер. На стартот од вториот дел Димитар Митровски од пенал во 51. минута го отвори резултатот за водство од 1:0 за „пандевци“. Во 86. минута од мечот Кристијан Велиновски постигна погодок за конечни 2:0.
ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Македонија Ѓорче Петров со гол од пенал се спаси од пораз со Брегалница. Во Ѓорче штипјани први дојдоа до водство со голот на Милан Џокиќ во 59. минута, откако во првиот дел мрежите мируваа. Во 78. минута Сефер Емини од белата точка успешно реализираше за 1:1, а до крајот мрежите мируваа, а резултатот од 78. минута стана конечен.
Лидерот на табелата Шкупи очекувано дојде до висок триумф над Борец со резултат од 3:1. Домаќинот на Чаир преку Сенгхор Фаустин во 18. минута дојде до водство од 1:0 против велешки Борец, а само три минути подоцна Фаустин си постигна автогол со што велештани имаа 1:1 на полувреме. Во вториот дел најдобриот стрелец во ПМФЛ Сандеј Дамиларе Адетуњи обезбеди ново водство за Шкупи во 65. минута од мечот. Конечните 3:1 ги постави Гаги Маргбелашвили кој стрелаше во 82. минута.
Шефити го шокираше шампионот Шкендија откако во финишот од градската пресметка во Тетово погоди за конечни 1:1. Шкендија прва дојде до водство од 1:0 против Ренова откако Ферхан Хасани погоди во 36. минута од мечот со што актуелниот шампион имаше предност од еден гол по првите 45 минути против „гипсарите“. Во финишот од мечот Шефит Шефити погоди со што Ренова се избори за голем бод против фаворизираниот противник.
Струга Трим Лум со погодок во вториот дел дојде до цел „плен“ против Скопје во пресметката покрај езерото. Погодокот падна во 67. минута, а успешно стрелаше Сава Радич.
Во воведниот меч Работинчки голот на Методи Максимов (1:0) беше подобар од Тиквеш.