ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Шаркоски е нов фудбалер на Работнички

Николче Шаркоски е нов фудбалер на Работнички. Тој доаѓа како слободен агент и се враќа кај „романтичарите“ по една и пол сезона која ја мина во редовите на Академија Пандев.
Шаркоски потпиша едногодишен договор.
„Среќен сум што се враќам во редовите на Работнички. Ова за мене е добро позната средина, верувам дека брзо ќе се вклопам и дека ќе му помогнам на тимот да ги реализира клупските цели“, вели Шаркоски.
Работнички денеска го игра мечот од 1/16-финалето во Купот на Македонија против третолигашот БВК Коњари.