Европски ФудбалФудбал

Шампионскиот тим на Лил се распаѓа

Екипата на Лил ги воодушеви апсолутно сите љубители на фудбалот минатата сезона, но францускиот шампион останува без најдобрите играчи.

Предводени од 54-годишниот стручњак Криштоф Галтие, играчите на Лил ја освоија титулата во Франција пред апсолутниот фаворит ПСЖ.

Сепак, се чини дека бајката на Лил нема да трае долго бидејќи францускиот шампион веќе започна со продажба на фудбалери. Меѓу првите што замина беше тренерот Криштоф Галтие. Тој одлучи да ја прифати понудата на Ница и ќе го предводи овој тим следната сезона, а Лил наскоро ќе го дознае името на новиот тренер.

Денес пристигна веста дека Лил остана без одличниот играч за врска Бубакари Сумаре. 22-годишниот фудбалер за врска се договори за трансфер во Лестер, а англискиот тим ќе плати 25 милиони евра за услугите на овој млад фудбалер. Сумаре ќе потпише петгодишен договор со Лестер. Исто така, голманот Мајк Мењан вчера потпиша договор со Милан и лесно може да се случи Џонатан Давид, Иконе и Џонатан Бамба да го напуштат тимот.

За сите има голем интерес, па Лил би можел да влезе во следната сезона во значително променет состав во споредба со оваа сезона. Навистина е штета што овој тим нема да остане во полн состав бидејќи сигурно може да покаже многу повеќе.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!