ФудбалФудбал - Прва женска лига

Шампионот ЖФК Саса пресилен за ЖФК Речица на првата контролка

Актуелниот женски фудбалски шампион Каменица Саса денес го одигра првиот контролен натпревар во Куманово против екипата на ЖФК Речица кој го доби со убедливи 1:6.

Ана Димитровска, Пале Николовска и Рабија Дервиши со по два гола беа стрелци за ЖФК Каменица Саса.

На првата контролка неофицијално деби имаше младата Мелани Стаменковска и новите засилувања Драгана Костова и Сара Коларовска.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!