ФудбалФутсал

Шампионот Шкупи до реми во дербито со Проект Цико, Арбен Бајрами го уништи Мал Ајакс

Големото дерби меѓу Прокет Цико и актуелниот шампион Шкупи заврши нерешено без погодоци, во меч од 9. коло од Првата футсал лига.

Арбен Барајми го уништи Мал Ајакс со високи 9:1. Најдобар играч беше Рамадани Берат кој три пати ја погоди противничката мрежа.

Астибо дојде до прва радост во новата сезона, откако во меч со 13 голови славеше над Велес со 7:6. Домаќините до 10. минута имаа водство од 2:0, а стрелци на головите беа Левков и Николовски. Гостите од Велес преку Стефановски намалија на 2:1, а две минути подоцна израмнија на 2:2 преку Ѓуров. Притисок за гол имаше и кај двете екипи, па ново водство имаа домаќините кој преку Николовски дојдоа до 3:2, а гостите веднаш вратија на 3:3 преку Ѓуров. Се играше гол за гол, Стојчев Иван погоди за 4:3, а една минути потоа резултат беше 4:4, а четвртиот гол за гостите го постигна Спасовски Жарко. Стојчев повторо донесе водство за Астибо од 5:4, а Адиловиќ Адил погоди за 5:5. Посигурната и поконкретна игра му донесе ново водство на Астибо преку Зашков, а преку Левков зголемија на 7:5. Гостите се обидеа да се вратат во игра и преку Паунов намалија на конечните 7:6.

Железарец се распука кон Карадаку за убедлива победа од 8:3. Најдобар играч кај домаќините беше Даиловски Петре кој постигна три погодоци.

Црна Река на домашен терен претрпе тежок пораз од екипата на Велес со резултат од 3:6.

Колото ќе биде комплетирано утре со мечот меѓу Јувентус Серава и Кратово, каде домаќините ќе важат за големи фаворити.

Лидер на табелата е екипата на СК Проект Цико со 24 бодови, три помалку има второпласираниот Арбен Бајрами, додека на третото место е актуелниот шампион Шкупи со 19 бодови. На дното од табелата останува Мал Ајакс со 2 бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!