ОстанатоФудбалФутсал

Шампионот Проект ја чека Црна Река, Јувентус Серава гостува кај Енхалон

В петок се отвара деветтата рунда од Првата футсал лига која ќе се игра во три дена, односно петок, сабота и недела.

Колото ќе биде отворено во Струга со дуелот меѓу Енхалон и Јувентус Серава. Домашната екипа може да се смета за благ фаворит во борбата за четврт сезонски триумф поради домашниот терен. Енхалон во претходното коло триумфираше убедливо во Тетово над Шкендија, па тоа ќе биде уште еден мотив плус со цел за продолжување на победничката серија, а пак Јувентус Серава кој нема триумф уште од 5. коло кога триумфираше над Велес со 7:4 ќе се обиде конечно да излезе од резултатската криза. Натпреварот ќе започне во 20:15 часот, а се игра во „Тими“.

Во сабота во Валандово актуелниот шампион Проект ќе ја пречека екипата на Црна Река. Домашната екипи е апсолутен фаворит за трите бодови. Мечот кој се игра во „Филип Втори“ ќе започне во 18:00 часот.

Во 19:15 часот непоразениот лидер Шкупи на домашен терен ќе ги одмери силите со Шкендија, каде домашниот состав ќе важи за апсолутен фаворит.

Во недела со почеток од 17:00 часот Железарец ќе го пречека „фенерџијата“ Велес, а во ист термин ќе стартува и дуелот меѓу Арбен Бајрами и Карадаку.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!