ОстанатоФудбалФутсал

Шампионот Проект домаќин на Железарец, лидерот Шкупи против Јувентус Серава

Викендот на програмата се натпреварите од 10. коло од Првата футсал лига на Македонија. Колото ќе биде отворено во петок, а ќе биде затворено во недела.

Со дуелот меѓу Енхалон и Црна Река во Струга ќе биде отворено новото коло од Првата футсал лига. Трите бодови се императив и за двете екипи во битката за сигурен опстанок во Првата лига, според формата и двете екипи се изедначени, а мала предност за Енхалон е домашниот терен.

Во сабота ќе се одиграт две средби. Шампионот Проект во „Филип Втори“ во Валандово ќе ја пречека екипата на Железарец, во меч каде домашните ќе важат за фаворити. За гостите се освен пораз ќе биде позитивен исход од тешкото гостување.

Арбен Бајрами на домашен терен ќе ја пречека Шкендија, во меч каде домашната екипа ќе биде голем фаворит за осмо сезонско славје.

Колото ќе биде комплетирано со последните два меча во недела.

„Фенерџијата“ Велес дома ќе се судри со Карадаку. Домашните имаат очајни резултати – на девет одиграно натпревари само еден освоен бод, па секој натпревар ќе биде „финале“ во битката за опстанок, првото веќе се игра во сабота против фаворитот Карадаку.

Лидерот Шкупи ќе го пречека составот на Јувенту Серава. Шкупи игра во одлична форма и по девет кола се уште нема пораз, со што е непоразен лидер во Првата футсал лига, а во недела против Јувентус Серава уште еднаш ќе треба да ја потврди својата одлична форма.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!