ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Шабанов Насаф во финишот го шокираше Вардар Неготино, Црнилиште со победа над Напредок е нов лидер, реми меѓу Превалец и Локомотива

Денес се одиграа натпреварите од 16. коло од Третата лига – Југ.

Ново Црнилиште со 2:0 запиша голема победа над Напредок Крушеани и изби на врвот на табелата. Првиот гол падна пред крајот на првиот дел, а стрелец на голот беше Ибраимоски Ерџан. Во вториот дел Напредок се обидуваше да израмне и да се врати во игра, но во 88. минута Бесими Кемал ги сруши наредежи на гостите од Крушеани, а трите бодови го прават Ново Црнилиште нов лидер.

Големото дерби меѓу Превалец и Локомотива заврши без победник и без погодоци. Бодовите беа поделени, а тоа ја спушти Локомотива од првото на второто место на табелата.

Младост 1930 од Кривогаштани добива службени бодови, откако екипата на Илиден БС не се појави на теренот.

Дојранско Езеро со победа над Питу Гули од 3:1. Во првиот дел мрежите беа чисти и на двете страни. На стартот од вториот дел домаќинот дојде до водство од 1:0 со гол на Упчев Миле. Пет минути подоцна Бубаќоски Јованчо израмни на 1:1. Со одлична игра Дојранско Езеро брзо го врати водството, откако Илиев Петар во 58. минута ја погоди противничката мрежа за 2:1. Маринковиќ Оливер во 65. минута ги постави конечните 3:1, а трите бодови останаа во Дојран.

Реми и голем бод за Динамо во дуелот со Марена кој заврши со резултат од 3:3. Во 6. минута домаќинот со гол на Тодоровски Славе дојде до водство од 1:0. Во 21. минута нововлезениот Темков Ванчо погоди за 1:1. Наумоски Кире во 35. минута донесе ново водство од 2:1. Две минути подоцна Ивановски Стефан постигна гол за 3:1. Во вториот дел Динамо успешно го чуваше водствоот до самиот финиш. Во 83. минута Велјанов Александар постигна гол за 3:2, а пет минути подоцна беше досуден пенал за Марена, а Мемедов Берхан успешно го реализираше за 3:3, со што бодовите беа поделени.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Големо Коњари одигра одличен натпревар и на домашен терен одигра 2:2 со фаворитот Обршани. Домаќинот прв дојде до водство со гол на Касниоски Николче. Во 39. минута Димоски Антонио постигна гол за 1:1. Во вториот дел Обршани преку втор гол на Димоски дојде до водство од 1:2. Во 77. минута беше досуден пенал за екипата на Големо Коњари-, а Касниоски успешно го реализираше за конечни 2:2.

Братство 07 го среди амбициозниот Вардар Неготино со 3:2. Резултатот беше отворен во 7. минута, кога Еминоски Темур погоди за водство на домаќинот. Во 33. минута Шишков Ѓорѓи донесе израмнување на 1:1, а две минути подоцна Илов Марјанчо донесе водство за екипата од Неготино. На стартот од вториот дел нововлезениот Алиоски Музафер погоди за 2:2. До самиот финиш неизвесност, со цврсти дуели и притисок за гол и кај двете страни. Во 88. минута Шабанов Насаф со атрактивен гол го шокираше гостинот од Неготино, кој дома си оди со празни раце, а шансите за прво место и Втора лига – Исток, значително ги намалува.

Лидер со 37 бодови е Ново Црнилиште, Локомотива од Градско сега е втора со 35 бодови, а по 31 бод имаат Превалец и Напредок Крушеани.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!