ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Шабани: Работнички има квалитетна екипа, но верувам дека е вистинско време да им се вратиме на позитивните резултати!

Лидерот Струга Трим Љум на последните четири натпревари не знае за триумф, па денес против Работнички во Скопје ќе се обиде конечно да запише победа, бидејќи сите џокери се потрошени, а бодовната разлика која ја имаше Струга се стопи на само три бода предност пред Шкендија и Силекс, кои го делат второто место на табелата.

“Не очекува еден интересен натпревар. Работнички има квалитетна екипа, но мислам дека сме максимално подготвени за да на овој натпревар извлечеме еден позитивен резултат. Верувам дека е вистинското време да им се вратиме на позитивните резултати, преку кои ќе го зачуваме врвот на првенствената табела“, вели Буњамин Шабани.

Струга последен пат победи на 17. септември во дуелот против Тиквеш (2:0) на домашен терен, потоа одигра 1:1 со „лавовите“ од Ѓорче, па запиша два последователни порази од Шкупи (1:0) и Победа (2:0), а во минатото коло на домашен терен одигра 2:2 со Брегалница.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!