ОстанатоФудбалФутсал

СФК Проект и Мај Ајакс го отвараат колото, Црвенов и Шоповски ќе ја делат правдата

Утре во Валандово ќе биде отворено 6. коло од Втората футсал лига на Македонија, а ќе биде комплетирано дури во понеделник.

СФК Проект на домашен терен утре ќе ја пречека екипата на Мал Ајакс од Штип. Домаќините во „Филип Втори“ ќе бркаат први сезонски бодови, бидејќи по пет натпревар СФК Проект и понатаму е без бодови. Ако гледаме според формата тогаш Мал Ајакс ќе биде фаворит за трите бодови и со тоа би продолжил да ги напаѓа местата кои директно водат во Првата лига, а од друга страна домашниот терен ќе биде предност за СФК Проект во борбата за прво сезонско славје.

Правдата ќе ја делат Роберт Црвенов и Славче Шоповски од Велес, а натпреварот ќе започне во 20:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!