Европски ФудбалФудбал

Севиља испрати понуда, Рангник тврди: Марсијал сака да си оди

Севиља сака да го ангажира Антони Марсијал на позајмица до крајот на сезоната и испратила понуда до Манчестер Јунајтед за францускиот напаѓач, пренесува „Скај Спорт“.

Наводно, Андалузијците не сакаат позајмицата да содржи клаузула за задолжителен откуп на договорот на лето, па прашање е дали преговорите ќе завршат успешно.

Марсијал (26) сезонава собра само 359 минути на теренот. Тој веќе некое време сака да ја промени средината, што го потврди и менаџерот Ралф Рангник.

„Разговаравме, тој ми објасни дека е во Јунајтед седум години и дека чувствува дека е време за промена. Можам да го разберам, но од друга страна треба да видиме кои се интересите на клубот. Имаме три натпреварувања во кои играме со високи амбиции, проблеми со ковид… Му кажав дека интересот на клубот е најважен“, изјави Германецот.

Засега нема индикации дека „Ѓаволите“ ќе ја прифатат понудата на Севиља, но нешто поконкретно ќе знаеме на почетокот на јануарскиот преоден рок.

Французинот е член на Јунајтед од 2015 година, има договор до 2024 година.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!