Европски ФудбалФудбал

Серхио сака на две години, но Леонардо нуди едногодишен договор

Пари Сен Жермен и Серхио Рамос не се ннту блиску до постигнување договор. Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид од денес и официјално е слободен агент, откако му истече договорот со „Кралскиот клуб“. Во последните неколку дена, Рамос и неговиот менаџер преговараа со челниците на ПСЖ, но во овој момент двете страни не можат да постигнат договор за условите, тврди „Ле 10 Спорт“.

Тренерот на „светците“, Маурисио Покетино е воодушевен од идејата да работи со шпанскиот ветеран и им даде зелено светло на челниците на клубот во преговорите. Спортскиот директор Леонардо лично ги води разговорите, но засега нема договор.

Главниот проблем во преговорите е што ПСЖ на 35-годишниот дефанзивец му нуди едногодишен договор, додека Серхио Рамос би сакал да обезбеди двегодишен договор.

Во исто време, Парижаните не се единствените кандидати кои го сакаат Рамос. Се верува дека Шпанецот е мета на Манчестер Јунајтед, а претходно се шушкаше дека за неговите услуги е заинтересиран и Милан. Сепак, во последно време „росонерите“ се оладија, поради преголемата плата што ја бара Рамос.

Секако, ПСЖ не седи со скрстени раце и разгледува уште неколку опции со цел да ја засили одбраната. Еден од најбараните дефанзивци е турскиот Чалар Сојунџу од Лестер.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!