Европски ФудбалФудбал

Серхи Роберто мора на операција, се враќа на терените во април

Фудбалерот на Барселона, Серхи Роберто ќе биде опериран на десниот бутен мускул, соопшти денеска шпанскиот клуб.

Според Барселона, на Роберто ќе му биде извршена операција во следните неколку дена во финскиот град Турку.

Шпанските медиуми објавија дека фудбалерот би можел да отсуствува околу четири месеци или до април.

Барселона навести дека по операцијата ќе излезе со ново соопштение.

Роберто е еден од четворицата капитени на Барселона. Сезонава одигра 12 натпревари и постигна два гола.

Тој во октомври имаше проблеми со квадрицепсите на десната надколеница, но потоа продолжи да тренира, по што му се врати повредата.

Роберто минатата сезона поради разни повреди пропушти 37 натпревари, а пред сезоната мораше да паузира две недели поради повреда на реброто.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!