Европски ФудбалФудбал

СЕНЗАЦИОНАЛЕН ТРАНСФЕР: Најдобриот напаѓач во светот оди во Реал Мадрид !?

Реал Мадрид неодамна го претстави новиот тренер, а тоа е искусниот италијански стручњак Карло Анчелоти, кој започна да составува играчки кадар за следната сезона.

Според шпанските медиуми, еден од најдобрите напаѓачи во светот бил прв на списокот со желби на Анчелоти. Станува збор за Роберт Левандовски, кој е подготвен да ја смени средината и доколку тоа се случи, неговата желба е да заигра во дресот на „кралевите“.

После седум години доминација со Баерн и 11 години поминати во Бундеслигата, Левнадовски сака да ја смени средината, а тоа го потврди за германските медиуми, но проблем е неговиот договор со „баварците“, кој важи до 2023 година.

„Јас сум отворен за сите опции. Се чувствувам добро во Баерн, Минхен е одличен град, ова е одличен клуб. Отсекогаш сум бил подготвен да научам нови јазици и да запознавам нови култури. Сепак, не знам дали тоа ќе се случи сега или на крајот од кариера“, рече Левандовски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!