ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Сенев го собра тимот, Осогово ги започна подговките (ФОТО)

Второлигашот Осогово вчера ги започна подготовките за пролетната полусезона во Втората лига – Исток. Шефот на стручниот штаб Трајче Сенев вчера го имаше првиот тренинг со екипата на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани.

Кочанскиот клуб веќе закажа и четири пријателски натпревари. Првиот ќе се игра против Брегалница од Штип на 30. јануари, потоа следи тест со Киг-Го кој е закажан за 6. февруари, Тиквеш на 13. февруари и „генералка“ со третолигашот Брегалница од Делчево за 20. февруари.

Клубот се засили со голманот Матеј Андонов и Благој Истатов.

Осогово есенскиот дел од сезоната го заврши на седмото место на табелата со 19 освоени бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!