ФудбалФудбал - Прва женска лига

Сенди за Спортска Мрежа: Голема е љубовта кон фудбалот, очекувањата со Љуботен се големи, ќе покажеме многу во пролетната полусезона!

Женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово продолжува со градење на тимот за пролетната полусезона. Најново засилување е репрезентативката на Босна и Херцеговина, Сенада Муратовиќ – Сенди.

Спортска Мрежа направи прво интервју со Сенди која ќе игра во нападот на тетовскиот клуб.

Сенди својата кариера ја започнала на 13 години, а љубовта кон фудбалот не можи да се измери. Искусната фудбалерки првите чекори ги направила во Слобода Тузла.

„Фудбалската кариера ја започнав на 13 години бидејќи дури тогаш добив можност да тренирам женски фудбал, а претходно повремено тренирав со момчиња. Не го избрав фудбалот со намера дека со тој спорт ќе се занимавам. Од рана возраст, моето детство беше сведено на игралиштето со топка и целата забава беше во тоа. Значи, фудбалот за мене претставува посебно чувство и емоција. Ништо во моментот не може да се измери како љубовта кон фудбалот. Првите чекори ги направив во Слобода Тузла, а потоа кратко во Локомотива Брчко, од каде се вратив во Тузла затоа што беа во најсилната лига во тој момент. Играв и за Градина, Модрича, Ујпешт, МЛЕ.“

Првиот повик за босанската репрезентација Сенди го добива на 13 години, а откако ги поминала сите категории таа се закитила со повик за А репрезентацијата, меѓутоа незгодната повреда на коленото и паузата од една година влијаеше врз развојот на нејзината кариера.

„Мојот прв повик за репрезентацијата пристигна на 13-годишна возраст, тоа чувство и емоција се незаменливи. Ги поминав младинските категории и се закитив со покана за А репрезентацијата. Меѓутоа, незгодната повреда на коленото и паузата од една година го забавија развојот на мојата кариера, а мојот договор со италијански Торино пропадна, па затоа во моментот се обидувам да бидам посилна и подобора и да се вратам таму каде што застанав пред повредата.“

За женскито фудбал нема големо познавање, но вели дека многу се инвестира во истиот.

„Не знам многу за македонскиот фудбал, она што го слушнав е дека се инвестира во женскиот фудбал, а според тоа што погледнав на некои снимки, навистина ми се допадна стилот на играње на македонските клубови. Мислам дека ова ќе биде убава полусезона за мене и Љуботен.“

Не размислувала многу за трансфер во Македонија, но амбициите и сериозните намери на Љуботен ја предомислиле и постигнале договор, со што Сенки ќе тресе мрежи за тетовскиот клуб.

„Кога стапив во контакт со раководството на Љуботен, навистина не размислував за трансфер во Македонија. Но, како одминуваше времето, ги видов нивните амбиции и дека се сериозни во своите намери, тие исто така донесоа неколку добри засилувања заедно со мене. Со добрите услови што ги добив, сè се совпадна. Постигнагнавме договор и сега останува тоа да го покажеме и во првенството.“

Очекувањата на босанската репрезентативка од Љуботен се големи.

„Моите очекувања од Љуботен се многу големи. Со оглед на споменатите засилувања, и условите на работа во клубот, мислам дека во вториот дел од шампионатот ќе освоиме многу повеќе бодови и ќе одиграме на многу повисоко ниво.“

Сенди добила голем број на пораки од Македонија со убави желби за добредојде и во интервјуто за Спортска Мрежа им се заблагодари на сите.

„Кога официјално излегоа информациите дека ќе бидам ново засилување за Љуботен, добив голем број за пријателства на социјалните мрежи и пораки од луѓе од Македонија со убави желби за добредојде. Навистина добив голем број на пораки, па во оваа прилика им благодарам на сите за пречекот, одиме сите заедно со Љуботен.“

Сенди во Тетово ќе пристигне на 22. јануари и ќе ги започне подготовките со ЖФК Љуботен за пролетните предизвици во Првата женска фудбалска лига.

Од клубот најавуваат уште две репрезентативни засилувања од Македонија, транфери кои треба да бидат реализирани следните денови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!