ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Селмани: Без ниту еден тренинг сме на врвот од ТМФЛ – Југ, ќе се бориме за прво место!

Третолигашот Ново Црнилиште одигра фантастична есен и заврши на второто место на табелата во Трета лига – Југ со 28 бодови, колку што има и есенскиот шампион Локомотива од Градско. Спортска Мрежа направи интервју со капитенот на Ново Црнилиште, Мустафа Селмани каде разговаравме за постигнатите резултати на клубот од Црнилиште, како и за предизвиците за пролетниот дел од сезоната.

Ново Црнилиште сезоната ја заврши на второто место на табелата во Третата лига – Југ со ист број на бодови како и есенскиот шампион Локомотива. Колку сте задоволни од прикажаната игра и постигнатите резултати ?

„Задоволни сме од есенскиот дел од сезоната со резултатите што ги постигнавме, иако можеше да биде и подобро, бидејќи на натпреварот со Вардар Неготино во 89. минута имавме меч топка која не ја реализиравме за да победиме“, вели капитенот Селмани.

Како гледате на пролетниот дел од сезоната ? Кои се вашите цели и вашите очекувања ?

„Нашите очекувања се да водиме борба за висок пласман и прво место, бидејќи распоредот е таков што имаме повеќе домашни натпревари“, ни изјави капитенот.

Дали останува истата екипа од есенскиот дел или ќе има фудбалери што ќе ве напуштат ? Дали Ново Црнилиште за пролениот дел од сезоната ќе се засили и на кои позиции ? Дали имате конкретни разговори со некои имиња ?

„Екипата останува иста, односно нема ниту еден играч да не напушти и може да се засили со повратници од повреди од овој ростер на играчи и напролет да ги имаме на располагање“, додава Селмани.

Кога ги започнувате подговките за новата сезона и каде воглавно ќе се подготувате ? Дали планирате одигрување на пријателски натпревари ?

„Како и секогаш така и сега посебни подготовки нема да има туку воглавно ќе се сконцентрираме на пријатески натпревари кои би треба да ги почнеме некаде околу 28-29 јануари. Во план сме да одиграме 3 до 4 пријателски натпревари пред стартот на пролетниот дел од сезоната кој треба да започне на 21 февруари 2021 година, нормално ако дозволат временски услови. Нашата екипа нема ниту еден ден тренинг, одиме од натпревар во натпревар“, завршува капитенот Мустафа Селмани.

Табелата од Третата лига – Југ можете да ја погледнете ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!