ЕУРО 2020Фудбал

Селекторот на Турција пред отворањето на ЕП со Италија: Би сакале да се пласираме во финалето!

Селекторот на Турција, Шенол Ѓунеш, одржа прес-конференција во пресрет на првиот натпревар на Европското првенство, на кој неговиот тим ќе игра против Италија вечерва во 21 часот.

“Роберто Манчини добро го познава турскиот фудбал. Тој работеше како тренер на Галатасарај и имаше многу талентирани играчи во тимот”, рече Ѓунеш и додаде:

“Ние не сме фаворити во оваа група, но би сакале да се пласираме во финалето и да играме токму против Италија. Нашето патување во националниот фудбал започна во 2002 година на Светското првенство и сè уште учиме”.

Тој ја коментираше и репрезентацијата на Италија.

“Ние ги знаеме нивните слабости, но исто така и нивните јаки страни. Ќе биде тешко да се бориме со нив технички, тактички и физички, но сакам мојот тим да покаже квалитет. Добро е што имаме играчи кои играат во Серија А и дека тие знаат како работите функционираат тука. Ова е дуел на два силни тимови и верувам дека можеме да победиме“, рече Ѓунеш и заклучи:

“Не смееме да изгубиме концентрација, во спротивно ќе имаме многу проблеми. Првиот и последниот натпревар во групата се најважни и можат да променат апсолутно сè”.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!