ЕУРО 2020Фудбал

Селекторот на Турција ги изненади сите со изјава за неговата иднина на клупата на Турција

Репрезентацијата на Турција заврши на дното од групата А на ЕВРО 2020 по вечерашниот пораз од Швајцарија со 3:1.

Тоа беше трет пораз во низа во групата, а никој во турскиот табор, но и меѓу турските навивачи не очекуваше толку лоши резултати, со гол разлика 1:8.

Како што се очекуваше, турскиот тренер Сењол Гунеш се најде на удар на турската јавност. Тој најде разни причини за лошата игра, но не сака да зборува ниту за можна оставка.

„Оваа генерација ќе ги одбележи следните 10 години од турскиот фудбал. Сепак, свесни сме дека пристап како овој на Европското првенство не е прифатлив. Јас сум одговорен за ова, но не размислувам да дадам оставка, бидејќи не сум само јас виновен. Сите се виновни, и медиумите и раководството и стручниот штаб“, рече Гуњеш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!