РакометРакомет - Останато
Селекторот на Данска не сакал да му се падне Црна Гора, а од Македонија губи и збор не кажува!

Македонските ракометари на Европското првество кое се игра во јануари 2022 година ќе бидат во група со Данска, Словенија и Црна Гора.
Селекторот на данската репрезентација, Николај Јакобсен иако доживеа пораз од Македонија во Скопје не кажа ниту збор за нашата репрезентација, туку вели дека посакувал да ја избегне Црна Гора.
„Среќен сум што Франција не е во нашата група, но ме нервира што од последниот шешир се падневме со Црна Гора, тоа беше тимот кој сакав да го избегнеме. Како и да е сигурен сум дека ќе ја поминеме групата ако ние ја играме нашата игра“, изјави Јакобсен.
Јакобсен пред неколку дена го продолжи договорот и останува на чело на данската селекција до 2025 година.