ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Секуловски: Задоволство од изданието против Победа, во ист ритам мора да се продолжи и понатаму

Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Марјан Секуловски, сосема очекувано е задоволен од убедливата победа на неговиот тим против прилепска Победа во 21. коло од Втората лига – Исток.

Три гола на „сините“ за победа со која се продолжува патот кон остварување на зацртаните амбиции…

„Мора да им честитам на фудбалерите затоа што одигравме еден навистина добар натпревар. Од самиот почеток максимално сериозно се пристапи кон играта, па на крајот сето тоа резултираше со предност уште во првото полувреме по кое се навестуваше победникот. Во второто полувреме не искористивме уште неколку убави можности и за поубедлива победа од 3-1. Но, најважното е реализирано, трите бода комбинирани со квалитетно издание. Тоа ќе биде наша цел и на секој следен натпревар до крајот на сезоната“ – вели Секуловски.

Брегалница во следното, 22. коло од шампионатот гостува на Плачковица во Радовиш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!