ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Секуловски: Минавме успешни подготовки на Златибор, пред нас останува заокружување на финалниот изглед на тимот за новата сезона

Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Марјан Секуловски е задоволен од реализираните подготовки на Златибор, сега во очекување на финалната подготвителна фаза пред стартот на сезона во Првата македонска фудбалска лига.

„Сините“ на Златибор одиграа четири пријателски натпревари притоа победувајќи ги црногорските прволигаши Морнар (2-0) и Искра Даниловград (2-1), како и српскиот прволигаш Бачка Паланка (2-1), а ремизирајќи со Графичар (2-2).

„Кога се ќе се сумира може да бидеме задоволни од подготовките на Златибор кои во голема мера ни ја дадоа сликата околу изгледот на тимот за престојната сезона. Може да им честитам на фудбалерите за максималната посветеност на подготовките. Имавме одлични услови за работа на Златибор. За десет дена одигравме и четири пријателски натпревари со три победи и едно реми, а низ активен ритам шанса добија буквално сите фудбалери“ – вели Секуловски.

Пред Брегалница сега остануваат уште последните два пријателски натпревари пред стартот на прволигашката сезона. На 28. јули против Тиквеш и генералката против Силекс на 1. август, на кои треба да се корегираат до крај и сите утврдени недостатоци во играта.

„Јасно е дека низ последните тест дуели ќе се корегираат и сите лоши моменти кои сосема очекувано се појавуваат низ подготвителниот период. Факт е дека минуваме низ успешен подготвителен циклус, и верувам дека сосема подготвени ќе го дочекаме враќањето на прволигашката сцена“ – истакнува Секуловски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!