ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Секој натпревар за Вардар Неготино ќе биде финале, нов предизвик за тандемот Смилков – Чаушев

Поради обилните врнежи од снег во неделата, 18. коло од Третата лига – Југ беше одложено и истото ќе биде одиграно денес.

Екипата на Вардар Неготино ќе гостува кај Динамо, каде според квалитетот и формата гостинската екипа влегува како голем фаворит. За неготинчани секој натпревар до крајот на сезоната ќе биде финале за три бодови во тешката борба за првото место и враќањето во Втората лига – Исток.

Денес нов предизвик за тренерскиот тандем Смилков – Чаушев ќе биде натпреварот со Динамо кој мора да се добие. Двете екипи имаат различни амбиции. Домашната екипа води борба за опстанок, се освен пораз за нив ќе биде позитивен исход, додека за гостите од Неготино се освен победа ќе биде негативен резултат и со тоа шансите за прво место ќе бидат повторно значително намалени.

Дуелот ќе започне во 15:30 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!