Сејдини: За нов договор со селекторот Ангеловски ќе разговараме после Нова година

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, денес беше гостин во емисијата „Магазин“ на телевизија Сител, каде зборуваше за повеќе теми, а една од нив беше и актуелниот селектор Игор Ангеловски.
Водителката Јана Серафимова го праша околу тоа кој ќе ја предводи Македонија на првото Европско првенство, бидејќи договорот на актуелниот селектор Игор Ангеловски има важност уште недеколку дена, односно до 31 декември. Сејдини рече дека ќе разговараат откако ќе истече актуелниот договор.
„Договорот на Игор Ангеловски истекува на 31 декември. Пракса е да се разговара за продолжување откако ќе истече актуелниот договор, така што со него ќе разговараме после Нова година“, рече Сејдини.“
Останува да причекаме како би се одвивале работите околу прашањато поврзано со селекторското место во нашата сениорска репрезентација.
Македонија за прв пат во историјата ќе игра на Европско првенство, каде ќе ги одмери силите во група со репрезентациите на Холандија, Украина и Австрија.
Првиот натпревар Македонија го игра против Австрија на 13 јуни 2021.