ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Сејдини: Потврдуваме дека го продолжуваме патот кон успехот со селекторот Игор Ангеловски!

Како што посакуваше цела фудбалска јавност, денес од Фудбалската федерација на Македонија пристигна информацијата дека е потврден новиот договор со селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски.

„Како што ветивме пред јавноста за нашиот прв избор за селектор, денеска потврдуваме дека го продолжуваме патот кон успехот. Со Игор лесно се договоривме за сите детали околу продолжување на соработката бидејќи и кај него и кај нас владееше позитивно расположение успехот што го направивме да го продолжиме заедно. Ние сме професионалци и знаеме дека добрите резултати даваат поголема шанса за задржување на некоја позиција. Горди сме на сѐ што направивме како репрезентација и федерацијата ќе продолжи да обезбедува најдобри услови за работа, како што впрочем беше и досега.

Селекторот со својот стручен штаб во одлична атмосфера сега треба да се подготвуваат за квалификациите за Светското првенство и Европскиот шампионат. Сите ние посакуваме да нѐ поведат кон нови успеси. Верувам дека Македонија ќе го покаже вистинското лице и праќам апел до целата нација и сите навивачи да бидеме сложни и да покажеме единство.

Пласманот на Европското првенство е сон за секое дете, а фудбалерите сега имаат исклучителен мотив за нови победи. Сега треба да помогнеме сите, на било кој начин, а потоа ќе зборуваме за нашиот пласман на ЕУРО 2020 и колку тоа значи за иднината на македонскиот фудбал, изјави претседателот на ФФМ“, Муамед Сејдини.

Македонија за прв пат во историјата ќе игра на Европско првенство, каде ќе ги одмери силите во група со репрезентациите на Холандија, Украина и Австрија.

Првиот натпревар Македонија го игра против Австрија на 13 јуни 2021.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!