ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Сеит Крека за првпат сезонава го сруши Новаци, голема победа за Јанг Тим

Денес беше отворено 6. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.
Во воведниот меч екипата на Јанг Тим успеа прва да го сруши досега непоразениот лидер Новаци со минимални 0:1. Херој на мечот беше Сеит Крека кој за првпат сезонава го сруши Новаци.
Со овој триумф Јанг Тим се искачи на делба на второто место со Кораб, барем од утре, додека пак Новаци останува и понатаму лидер со 15 бодови. Дали и за колку бодови ќе се намали предноста на лидерот Новаци останува да видиме утре, кога ќе биде комплетирано колото.