Европски ФудбалФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Сега веќе и официјално: Горан Пандев оди во пензија!

Најдобриот македонски фудбалер, големата фудбалска легенда, Горан Пандев и официјално оди во играчка пензија. „Гранде Пандев“ во интервју за „Газета дело Спорт“ соопшти дека повеќе не размислува за играње фудбал, но рече дека ќе остане во фудбалот.

„По цели дваесет години, време е за крај. Мојот син наполни тринаесет години, претходно го гледав само за време на паузите од една за друга сезона. Сега сакам да му се посветам на моето семејството, но тоа не значи дека ќе се оддалечам од фудбалот, бидејќи јас не знам да правам ништо друго. Цело лето не размислував за фудбал и дојде до опуштање. Јадете повеќе, а тренирате помалку. Со тоа имам неколку килограми повеќе, а на 39 години станува се потешко. Сакам да работам со млади луѓе и да им помагам, да разговарам со нив и да ги гледам нивните натпревари. Не знам што би работел, но тоа нема да биде тренер, затоа во иднина повеќе се гледам како спортски директор или спортски агент. За крај, сакам да кажаме едно големо багодарам на сите. На сите мои тренери, на сите претседатели, на сите навивачи“, рече Пандев за „Гзета дело Спорт“.

39-годишниот Пандев во пензија заминува како фудбалер на Парма, каде што настапуваше во пролетниот дел од минатата сезона. Популарниот струмичанец својата каерира ја започна во Беласица, а потоа замина за Италија каде испиша историја настапувајќи за гигантот Интер каде испиша историја.

Горан Пандев во дресот на Беласица

Во 2010 година Пандев ја освои Лигата на шампионите со тогашниот тренер Жозе Мурињо, а ги освои и Серија А и Купот на Италија.

На италијанско тло настапуваше за Специа, Анкона, Лацио, Интер, Наполни, Генова и последно за Парма, додека пак една сезона помина и во турското првенство настапувајќи за Галатасарај (2014-2015).

За репрезентацијата на Македонија, Пандев запипа 122 настапи и со 38 погодоци е прв стрелец на вечната листа. Совето деби за најдобрата македонска репрезентација го имаше на 21 август 2002 година во мечот кога Македонија со 5:0 ја декласираше Малта, а на овој меч Пандев го постигна и својот прв гол за А репрезентацијата на Македонија.

Пандев е првиот стрелец за македонската репрезентација на Европско првенство, односно е првиот стрелец на историскиот гол на Европското првенство 2020.

Во својата кариера Пандев во 2008-2009 со Лацио го освои Купот на Италија, со Интер го има освоено првенството Серија А во 2009-2010, Лига на шампиони во 2009-2010, Куп на Италија во 2009-2010 и 2010-2011, Супер Куп на Италија во 2010 година и Фифа Светското клупско првенство во 2010 година. Со Наполи го освои Купот на Италија во 2011-2012.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!