ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Сега и официјално: Спасов промовиран во Осогово

Како што вчера Спортска Мрежа ексклузивно го најави трансферот на Никола Спасов од Беласица во Осогово, денес добива и официјална потврда.
Прволигашкото засилување Никола Спасов денес беше промовиран и се приклучува кон „жетварите“.
20-годишниот Спасов игра на позиција заден везен, а во својата кариера бил дел од екипите на Тиверија и прволигашите Академија Пандев и Беласица од каде и доаѓа во редовите на Осогово.
Кочанскиот второлигаш претходно се засили со голманот Матеј Андонов, Благој Истатов, Христијан Коцев и Александар Поповски.
Осогово веќе доовори и четири теста. Првиот е веќе утре против штипска Брегалница, потоа следи контролки со Кит Го и Тиквеш, а „генералката“ ќе биде против третолигашот Брегалница од Делчево.