
Вечерва во Тетово со убедливиот тримф на СЕЕ Университи од 7:2 против СФК Проект беше отворено 5. коло од Втората футсал лига на Македонија.
Очекувано домашната екипа ги обезбеди трите бодови, откако победникот беше решен во првиот дел од натпреварот кога СЕЕ Универисити имаше предност од убедливи 5:1, па вториот дел се одигра рутински.
Капитенот Хисен Мемеди повторно се покажа во најдобро издание и четири пати ја погодуваше противничката мрежа, а по еден гол за домашните постигнаа и Алирами Рамадани, Атмир Бакија и Генти Амети. За гостите погодоците ги постигнаа Панче Петков и Наско Карчев.
Сега СЕЕ Университи има девет освоени бодови, додека СКФ Проект и по пет кола се уште нема запишано бодови.
Еден Коментар