ФудбалФутсал

СЕЕ Университи подобар од Велешта во дуел со 20 гола

Денес стартуваа возбудувањата во Втората футсал лига на Македонија.

Во Тетово екипата на СЕЕ Университи беше подобар од Велешта во меч каде паднаа дури 20 погодоци. Домаќинот со 11:9 запиша победа и сосема заслужено дојде до целиот плен.

Во првиот дел од натпреварот Велешта беше подобра и имаше водство на полувреме од 4:5. Во вториот дел домаќинот тргна нешто подобро и правеше притисок кон противникот и до 26. минута успеа да го сврте резултатот на 6:5, а потоа да го зголеми и до највисока предност од 3 погодоци во 36. минута кога резултатот беше 10:7, а во последните две минути од натпреварот паднаа три гола за конечни 11:9.

Најдобар на натпреварот беше Мемеди Хисен кој постигна пет гола за екипата на СЕЕ Университи.

Тетовската екипа со 6 бодови е на петтото место на табелата, додека Велешта е место погоре со ист број на бодови.

Во следното коло СЕЕ Университи на домашен терен ќе се соочи со Енхалон, додека екипата на Велешта ќе биде слободна.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!