
Вечерва во Тетово беше отворена осминафиналната фаза од футсал Купот на Македонија каде прволигашот СЕЕ Университи со убедливи 9:4 го доби второлигашот Форца и обезбеди следната фаза од Купот.
>>> ПРОМО ЦЕНА 900 ДЕНАРИ НОЌЕВАЊЕ ЗА ТРОЈЦА ВО ОХРИД, РЕЗЕРВИРАЈТЕ НА КОТВА.МК <<<
Резултатот го отвори Газменд Рамадани во 3. минута за водство на Форца, а Бесник Сулемани по три минути игра израмни на 1:1, по што следуваше веднаш втор погодок на Рамадани за ново водство на Форца од 1:2. Екрем Мемеди во 10. минута погоди за водство од 1:3 за Форца, а потоа следуваа два погодоци на домашните за израмнување на 3:3. Стрелци беа капитент Хисен Мемеди и Генти Амети. Само една минута беше потребно за Валмир Ќерими да постигна погодок за 3:4, а до крајот на полувреме Генти со втор погодок израмни на 4:4 на полувреме.

Вториот дел во целост му припадна на СЕЕ Универисти, екипата постигна пет погодоци за конечните 9:4. Генти постигна хет-трик, двоен стрелец беше Атмир Бакија, а по еден гол во вториот дел постигнаа Леутрим Елези и Алирами Рамадани.
Еден Коментар