ФудбалФутсал

СЕЕ Университи и Конзули во Тетово го отвараат колото, супер-дерби меѓу Форца и Кеги Моби

Денес со мечот во Тетово меѓу СЕЕ Университи и Конзули од Битола ќе се отвори 19. коло од Втората футсал лига на Македонија. Битолчани ги загубија шансите за местата кои водат кон Прва лига, па сега во опција останува што подобар пласман на табелата до крајот на сезоната. Мечот стартува во 17:30 часот, а судиска двојка на овој меч ќе биде Боби Величков и Славче Шоповски од Велес.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Во сабота пак ќе бидат одиграни уште два натпревари и тоа во Штип каде во 17:30 ќе се одигра градската пресметка меѓу Мај Ајакс и Астибо. Екипата на Астибо ќе важи за фаворит на овој меч. Правдата на градската пресметка во Штип ќе ја делат Кирил Смоквоски од Прилеп и Александар Ајдаров од Велес.

Во 20:00 часот пак „фенерџијата“ Кардшлк на домашен терен ќе се соочи со големиот фаворит Клими од Кавадарци. Правдата на овој меч ќе ја делат Музафер Исмаили од Боговиње и Никола Костенчев од Скопје.

Прекрасен вкус на ф’стаци + Ванила мокачино = совршенство – Steve’s Coffee House Охрид

Колото ќе биде затворено во недела со супер-дербито во Липково меѓу лидерот Кеги Моби и Форца. Двете екипи се пред обезбедување на промоција во Првата лига. Натпреварот се игра со почеток во 20:00 часот. Правдата ќе ја делат Марјан Младеновски и Дејан Димитријевиќ од Скопје.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!