ОстанатоФудбалФутсал

СЕЕ Университи и Астибо го отвараат колото, Конзули на дерби против Клими, Кеги Моби гостува во Штип

Викендот се играат натпреварите од 7. коло од Втората футсал лига на Македонија. Колото ќе биде отворено во Тетово со дуелот меѓу СЕЕ Университи и Астибо. Трите бодови се предизвик за двете екипи, но притисок за триумф има кај штипјани кои дома треба да се вратат со триумф доколку сакаат да продолжат да ги напаѓаат местата кои водат во Прва футсал лига на Македонија.

Во сабота следуваат два дуелот. Мал Ајакс на домашен терен ќе го пречека непоразениот лидер Кеги Моби од Велес кој ќе важи за голем фаворит на средбата која ќе се одигра во Штип. Во Свети Николе екипата на Овче Поле ќе биде домаќин на Црешево Топче кој сонува за први бодови.

Во недела ќе бидат одиграни уште две средби. Велешта на домашен терен ќе се обиде да ги поправи лошите резултатит против Кардшлк кој е „закован“ на дното без бодови. Форца на домашен терен ќе биде фаворит против екипата на СФК Проект.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со дербито меѓу Конзули и Клими. Домашниот терен и формата го фаворизираат Конзули во борбата за трите бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!