Европски ФудбалФудбал

Се чини дека Њукасл конечно го заврши својот прв голем трансфер

Њукасл Јунајтед ќе биде меѓу најактивните клубови во текот на зимскиот преоден рок.

„Страчките“ бележат многу лоши резултати во Премиер лигата, моментално се заковани на дното и под принуда носат засилувања.

Клубот од северна Англија по доаѓањето на новите сопственици и саудиските пари автоматски почна да се поврзува со бројни звучни имиња.

Ако им се верува на медиумите од Островот, прво засилување во јануарскиот преоден рок би требало да биде Александар Лаказет.

Договорот на Лаказет со Арсенал истекува на крајот од сезоната, нема ништо од продолжување и „Топџиите“ ќе бидат подготвени да го продадат веќе во текот на зимскиот преоден рок.

Искусниот 30-годишен фудбалер оваа сезона не е стандарден кај Артета и сериозно размислува за трансфер во Њукасл Јунајтед каде сигурно би заработил огромни пари.

Французинот пристигна во Арсенал во 2017 година, кога на Лион му беа платени неверојатни 53 милиони евра. Иако имаше свои моменти, впечаток е дека никогаш не ги оправда вложените пари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!