Европски ФудбалФудбал

Саул Нигез сака да си замине од Атлетико и да продолжи во англиски гигант!

Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигез ќе стори се за да го направи посакуваниот трансфер уште ова лето.

По освојувањето на титулата во Шпанија, 26-годишниот Шпанец има желба да направи нов чекор во кариерата, а таа желба се вика Манчестер Јунајтед.

Јунајтед се обиде да го купи пред една година, а освен „црвените ѓаволи“, играчот го следат и од ПСЖ и Јувентус.

Сепак, како што објави „Мирор“, единствена желба му е да се пресели од Атлетико на „Олд Трафорд“, а сега се чека „нападот“ на најтрофејниот англиски клуб.

Со оглед на тоа дека Немања Матиќ и Хуан Мата би можеле да си заминат, и дека иднината на Пол Погба е неизвесна, а Дони ван де Бик не го донесе очекуваното од него, јасно е дека Оле Гунар Солскјер мора да тргне во потрага по играч за врска.

Атлетико е подготвен да преговара за продажба на играчот, но ќе побара најмалку 40 милиони фунти.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!