Европски ФудбалФудбал

„Саудискиот Њукасл“ се лизга кон Чемпионшип, традицијата вели дека ќе испадне од Премиер лигата

Ниту во 14. обид оваа сезона, фудбалерите на Њукасл не ја постигнаа првата победа во Премиер лигата. Синоќа одиграа 1:1 на домашен терен против Норвич.

Ова им е седмо реми, а имаат и седум порази, па Њукалс е една од трите екипи во петте Европски лиги, која се уште е без триумф.

На слично ниво е и Леванте во Ла Лига (има седум нерешени и осум порази), додека најслаб тим во најсилните лиги е германскиот Гројтер Фурт, кој ремизираше само еднаш, а загуби дури 12 пати.

Њукасл е под посебна лупа, откако клубот неодамна го купи инвестициски фонд од Саудиска Арабија, чиј план е да создаде моќен тим на „Сент Џејмс Парк“, кој ќе се бори за трофеи.

Сепак, сегашниот состав е поблиску до Чемпионшип… Тренерот Еди Хау сепак е оптимист за иднината.

„Мислам дека направивме чекор напред. Не победивме, но нашата игра беше за пофалба со оглед на околностите на теренот. Верувам во овој тим и верувам во подобри резултати, иако ми е јасно дека секој нов натпревар без победа ни става дополнителен товар на грбот“, изјави Хау.

Инаку, пред Њукасл само три екипи во ерата на Премиер лигата не остварија ниту една победа во првите 14 настапи.

Тоа се Свиндон (сезона 1993/94), Квинс Парк Ренџерс (2012/13) и Шефилд Јунајтед (2020/21).

На крајот на тие сезони, тие испаднаа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!