ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Сатеска го задржа „костурот“ на екипата, се преговара за засилувања на голманската и одбранбената позиција!

Третолигашот Сатеска од Волино одигра солидна есен во Третата лига – Југозапад и заврши на деветтото место на табелата со 15 освоени бодови.

„Костурот“ на екипата е сочуван и истиот ќе биде засилен со неколку играчи на голманската и одбранбената позиција. Во изјава за Спортска Мрежа од Сатеска велат дека се задоволни од прикажаната игра, а подоброто го оставаат за пролетната полусезона.

„Задоволни сме од досега докажаното на терен, можеше и подобро, но таа цел ја оставаме за втората полусезона која следи. Костурот на екипата останува ист. Во контакт сме со неколку играчи на голманската и на одбранбената позиција, но преостануваат уште 7 дена до крај на преодниот рок, па се надеваме на проширување на ростерот“, велат од клубот и дополнуваат:

„Подготовките ги започнавме со мало задоцнување, но се надеваме на добри резултати и оваа пролетна полусезона и повисоко место на табелата. Сме во контакт со неколку тимови за пријателски натпревари.“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!