Европски ФудбалФудбал
Сасуоло испрати понуда за Грујиќ

Дека фудбалскиот клуб Сасуоло е сериозно заинтересиран за Марко Грујиќ што е потврдено со официјалната понуда на италијанскиот клуб.
„Црно-зелените“ испратиле понуда до Ливерпул за српскиот репрезентативец во вредност од 13.000.000 евра.
Англичаните сè уште не добиле негативен или позитивен одговор. Португалски „Абола“ пишува дека „црвените“ за Грујиќ одредиле цена од 15.000.000 евра и дека сега чекаат да видат дали ќе пристигне понуда во таа сума, па затоа не брзаат да одговорат.
Грујиќ, наводно, најмногу би сакал да остане во Порто, каде ја помина претходната сезона на позајмица, но Ливерпул, со кого има договор до 30 јуни 2023 година, се прашува за сè.