ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Сашо Шопоски трето засилување за Охрид

Охрид Лихнидос го засили средниот ред со Сашо Шопоски кој доаѓа од редовите на Тетекс од Тетово.

24-годишникот ќе биде големо засилување за „рибарите“ за новата сезона во Втората лига – Запад, а во својата кариера Шопоски покрај за Тетекс има настапувано и за Металург, Тиквеш, прилепска Победа, Пелистер и штипска Брегалница.

Претходно, Охрид Лихнидос се засили со Мурат Адили и Игор Клечкароски, а ја продолжи соработката со Ајрадин Цуцули и Љупчо Трпески.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!