ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Сасански: Ме радува фактот што успеавме да ги реализираме планираните задачи и да се вратиме непоразени од Виница!

Детонит денес одигра 1:1 на тешкото гостување кај лидерот Слога во Виница. Радовишани успеаја да се вратат дома непоразени и да извлечат бод кој е многу важен во битката за сигурен опстанок во Втората фудбалска лига.

Тренерот на радовишани Илија Сасански за Спортска Мрежа вели дека во еден интересен меч со неизвесност до самиот крај неговата екипа успеала да ги реализира планираните задачи и во Радовиш да се врати непоразена.

„Честитки до двата тима кои денес понудија еден интересен натпревар, што беше неизвесен до самиот крај. Иако се играше во потешки временски услови и двете екипи, на задоволство на навивачите, постигнаа гол“, вели Сасански за Спортска Мрежа и додава:

„Имавме минимално време за подготовка од само два дена, но ме радува фактот што успеавме да ги реализираме планираните задачи и да се вратиме непоразени. Ни претстои уште еден важен натпревар и во оваа прилика сакам да истакнам дека сум особено среќен за прогресот на мојата екипа во оваа сезона, што е резултат пред се’ на нивната заложба, дисциплина и единство во тимот.“

Детонит во следното коло го чека директна пресметка со конкунретот за опстанок Осогово на домашен терен во Радовиш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!