ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Сасански: Клучната измена ја направив на почетокот на второто полувреме, којашто потоа вроди со успех

Детонит вчера на тешкото гостување во Гевгелија одигра 1:1 против Кожуф и во Радовиш се врати со голем бод.

Тренерот на радовишани Илија Сасански во изјава за Спортска Мрежа најпрво им честиташе на неговите играчи за освоени бод и добрата оранизирана тимска игра.

„По одиграниот натпревар вчера со Кожуф, најпрво сакам да им честитам на моите играчи од Детонит за освоениот значаен бод и добро организираната тимска игра. Воедно, сакам да им заблагодарам на домаќините за убавиот пречек и спортската игра.“

Сасански додава дека е направена добра анализа на противничката игра, а клучната измена што ја направил на почетокот на второто полувреме вродила со успех.

„Во текот на изминатата недела, направивме добра анализа на противничката игра и одличен микроциклус со тренинг сесии. Во првото полувреме, противничката екипа искористи шанса за гол и водство.
Клучната измена ја направив на почетокот на второто полувреме, којашто потоа вроди со успех. Во 59-та минута, мојот тим спроведе одлична акција и го даде посакуваниот гол за освоен бод. До крајот на сезоната, не’ очекуваат уште три важни натпревари и продолжуваме со исто темпо на подготовки како и досега“
, вели Сасански за Спортска Мрежа.

Детонит по 12 одиграни кола се наоѓа на седмото место со 14 бодови, во следното коло на домашен терен ќе има тешка задача против Каменица Саса.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!