Саса киксна, Беласица го збриша Осогово, триумф за Победа и Слога 1934

Детонит во 93. минута остана без три бодови, откако Андреј Јаневски погоди и обезбеди бод за Кожуф (2:2). Радовишани преку Иван Натевски во 10. минута дојдоа до водство од 1:0, а пред крајот на првиот дел Крсте Тодоров погоди за 1:1 на полувреме.
ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“
Во вториот дел Тони Мирчевски донесе ново водство за радовишани од 2:1. Во 93. минута Андреј Јаневски ги расплака радовишани откако топката ја смести во противничката мрежа за многу важен бод во битката за опстанок.
Каменица Саса киксна на домашен терен одигра ремизираше (2:2) против екипата на Пехчево и направи чекор назад во борбата за Прва лига бидејќи конкурентите обезбедија по три бодови. Гостите со два брзи погодоци по само десет минути играа има водство од 0:2, а стрелаа Костантин Коцев за 0:1 во 7. минута, а три минути подоцна Даниел Иванов за 0:2. Саса веднаш возврати по четири минути игра со гол на Виктор Марковски за 1:2. Во вториот дел Дарко Алексовски во 54. минута погоди за конечните 2:2.
Победа наиде на силен отпор од Локомотива, но сепак на крај со 1:2 триумфираше и во Прилеп се врати со три бодови. Бојан Спиркоски и Даниел Карчески погодија за водство од 0:2 за Победа, а пред крајот на првиот дел Дарко Иванов стрелаше за конечните 1:2.
Туристичка огласна платформа – Котва.МК ПРОМОЦИЈА НА ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ
Слога 1934 со убедливи 0:3 триумфираше на Могила над Братство од Житоше и остана на врвот од табелата. Сите три погодоци паднаа во вториот дел, а Стојче Стојов во 52. минута го отвори резултат за водство на гостите од Виница. Неизвесноста траеше до 81. минута кога Андреј Симевски постигна гол за 0:2, а две минути подоцна Божидар Митревски постигна гол за убедливи 0:3.
Беласица со „петарда“ (0:5) во вториот дел го реши Осогово во Кочани. Во првиот дел мрежите на „Никола Мантов“ мируваа, а во вториот дел паднаа сите пет погодоци. Димитар Трајков го отвори резултатот во 51. минута, а потоа до крајот на мечот стрелаа и Александар Милушев, Александар Коцев, Васил Крстев и Грегори Давков.