ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Саса ги претстави Дујовски и голманот Трајковски

Второлигашот Каменица Саса денес претстави две нови засилувања за новата сезона од единствената Втора македонска фудбалска лига.
Вила покрај Беровското езеро со џакузи и голем базен
Во Македонска Каменица денес беа промовирани Владимир Дујовски, кој игра на средината на теренот и искусниот голман Горан Трајковски.
26-годишниот Дујовски во својата кариера има настапувано за штипска Брегалница, Пехчево и Малеш од Берово.
Голманот Трајковски, кој има 25 години доаѓа од редовите на Воска Спорт од Охрид, а во својата кариера има настапувано и за Македонија Ѓорче Петров, Силекс и радовишка Плачковица.