Европски ФудбалФудбал

Сари добиваше плата иако веќе една година не правеше ништо, сега има ново работно место

Само чекаме на официјализација. Откако Симоне Инзаги замина во Интер, Лацио тргна во потрага по нов тренер. Како еден од кандидатите се споменуваше Синиша Михајловиќ, но изборот сепак падна на Маурицио Сари. Поранешниот тренер на Наполи, Челси и Јувентус постигна договор со челниците на римскиот клуб.

Сари беше на клупата на Јувентус од летото 2019 година. Тој ја освои титулата шампион на Италија, но отказот го чинеше елиминација од Лигата на шампионите од Лион. Оттогаш тој редовно добива плата од торинскиот клуб, иако не работеше.

За време на неговата кариера, 62-годишниот тренер, познат и како страствен пушач, водеше дури 18 клубови. Во кариерата освои само два трофеи, Лига Европа со Челси и споменатата титула на кормилото на Јувентус.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!